Во рамките на средбите со граѓаните за обнова на Македонија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски e во посета на Куманово, место, како што пишува тој на Фејсбук, со премногу проблеми, со многу нерешени прашања и апатија кај народот.

Колку и да има од тие од власта кои им слугуваат на Максо, Оливер и останатите кои сега мислат дека се недопирливи, треба да им се каже дека нивното време завршува, а народот добро знае што да одлучи. Народот добро знае што се ветуваа, и со што се се служеа за да ги задржат фотелјите. И наместо да се воозбилат Заев продолжува со неговото “купи ден помини”, и сега пред избори го одложува прогресивното оданочување, кое беше и остана неговата мерка за стопанството.

А колку само ја бранеше оваа мерка, колку само викаше дека е оправдана, и колку само лаги ширеше кога му велев да не го прави тоа, а сега пред изборите вели дека било грешка, ама не се откажува целосно, туку само пред изборите зошто му требаат гласови, а после мисли дека ќе продолжи со истата чизма со која го гази народот. Но ова не е детска игра, ова се сериозни времиња. Извинувањата не поминуваат, треба да им ги вратат парите кои им ги наплатија на граѓаните од оваа мерка, и тоа треба да се врати до последниот цент.

Политката на свиткана кичма и неговото извини не помага, тоа пече и боли. И затоа бегаат од избори, за 24 часа менуваат мислење, те ќе оделе, те немале да одат на избори, и не е во прашање НАТО, туку страв од пораз, човекот погледнал анкети кои покажуваат дека доаѓа времето за пензија на Заев, и нормално потоа одговорност за штетните и криминалните политки. Правда, работа и чесност е темелот на обновата на Македонија за која заедно ќе се избориме, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.