Барам чист мандат за да се покажаме на економски план. Лично ќе се посветам со огромна доминација на економијата, за да има вистински економски натпревар меѓу политичките субјекти, заради тоа што уште еднаш кажувам две работи се тие што ќе бидат доминантни во следниот четиригодишен период: економија и трансформација севкупна на нашето општество, истакна денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев пред почетокот на средбата со стопанственици во просториите на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Посочи дека е економист, доаѓа од реалниот сектор, практичар, и оти во изминатите две и пол години успеале од негативни ставки на БДП од минус 1,8 да стигнат до 3,6, резултати кои можат да бидат уште подобри.

– Имаме квалитетни компании, инвентивни бизнисмени. Навистина сме пример за многу нешта во светот и сето тоа како потенцијал мораме да го искористиме секако во чекор со современите технологии, дигиталните предизвици кои се појавуваат пред нас и сето тоа што претставува предизвик на новото време. Но, и таа севкупна трансформација е заради економијата, бидејќи кога ќе ги прашате граѓаните кога бараат правна држава бараат од аспект дека тоа го подобрува економскиот живот, кога бараат подобро образование на крајот е пак заради економија, дали е за младите за полесно да најдат работни места или бизнисмените и фирмите да најдат квалификувана работна сила, на крајот е сето тоа пак економија, истакна Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.