Премиерот Зоран Заев во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ ги отфрли обвинувањата за вмешаноста на неговото семејство во пропаѓањето на Еуростандард банка.

„Еуростандард банка е под регулатива на Народна банка како и целиот банкарски систем и државата нема никаква врска ниту во надзор, контрола и управување. Затоа е оставено Народна банка независно да си ги носи одлуките. Во делот на обвинувањата – од илјадници фирми има и струмички. Струмица е во Македонија. Во една во фирмите учествува и мојот брат. Има кредит 35 милиони денари, а заложени се 3,5 милиони евра во објекти и тие во моментот си го плаќаат кредитот, односно од доминантните сопственици, тој е малцински во таа компанија, со 20 отсто. Мојата фамилија реагираше, но колку е пренесено е друга работа. Уште еднаш кажувам – законот важи за сите“, рече премиерот Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.