Премиерот Зоран Заев најави декриминализација на поседувањето мали количини марихуана за лична употреба, како и дебата во првата половина од следната година за легализација на марихуаната. Како што најави Заев, тоа би значело дека, по примерот на Амстердам, марихуаната ќе може да се купува во лиценцирани кофи-шопови.

Освен за лична употреба, Заев најави законски измени со кои на производителите на канабис за медински цели ќе им се овозможи извоз на цветот од растението. Преку таа стапка, Заев очекува приход од 250 милиони евра само во 2021 година.

Во Македонија сега има 59 фирми со лиценци за одгледување на канабис.

Активистите и здруженијата кои одмана се залагаат за декриминализација на марихуаната велат дека Македонија е подготвена за овој чекор за, како што велат, да престане прогонот на оние кои поседуваат марихуана за лична употреба.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.