По последното задолжување од 62 милиони евра, веќе се најавува задолжување од најмалку 40 милиони евра. Утре – 24 септември, Министерството за финансии преку аукција на државни хартии од вредност ќе ја задолжи државата за најмалку 40 милиони евра, изјави денеска Светислав Васев од ВМРО-ДПМНЕ.

Повторно Заев наредува, а Нина исполнува. Во вторник 24 септември Министерството за финансии преку аукција на државни хартии од вредност ќе ја задолжи државата за најмалку 40 милиони евра. Со тоа министерството за финансии и владата под директна контрола на Зоран Заев ќе ги задолжи граѓаните за 102 милиони евра за една недела. Повторувам, 102 милиони евра за една недела, а ефект од тоа граѓаните и државата не гледаат. Јавниот долг веќе надминува 5,3 милијарди евра, ништо од тоа нема. Капитални инвестиции се кратат, нема проекти, нема нови мерки. Граѓаните се се посиромашни. Капиталните инвестиции од почетокот на годината до јули изнесуваат само 24,5%. Повторувам само 24,5% за повеќе од половина година, вели Васев.

Да биде пострашно овие огромни задолжувања се случуваат во период кога уште погласно се зборува за нови 3000 вработувања во јавната администрација кои доаѓаат како последица на коалициски договор помеѓу партнерите од власта. Тоа се нови 3000 вработувања со кои што треба да се мотивираат и онака членовите на апатичната власт да излезат на избори. Ете затоа Македонија тоне во рекет, корупција и криминал, затоа гледаме како луѓе се иселуваат и ја напуштаат државата. Заради нивното расипничко однесување економијата е во колапс и се случува крах и во образованието, здравството, земјоделието, се случува крах во секоја една пора во општеството. Македонија се празни, а се полнат Луј Витон торбите на функционерите од власта. На оваа власт во заминување ќе одговара за се и пред законот и пред народот, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.