Премиерот Зоран Заев, во емисијата „Економски магазин“ на ТВ „Алсат-М“, на прашањето каков е одговорот на Владата во однос на ова прашање кое го нотира и Европската комисија во годинешниот извештај за нашата земја. Некои од тие мерки, укажа, се непопуларни, но ќе мора да бидат спроведени, истакна дека државата има силна политичка волја и подготвеност за целосно и длабоко спроведување на структурните реформи.

Драстичното намалување на непродуктивните трошоци, вклучително и намалување на администрацијата за 20 проценти е нешто што ќе ослободи дополнителни финансиски средства за да ја помагаме економијата со капитални инвестиции. Нашата продуктивност мора да ја изедначиме со онаа на земјите од ЕУ, а тоа ќе дојде со доследно спроведување на реформите од правосудството до образованието – нагласи Заев.

Тој потенцира дека дигитализацијата мора да ја прифатиме како неопходност и тоа оваа криза го покажала како суштинска потреба.

Многу од традиционалните работни места ќе исчезнат, но затоа со дигитализацијата се отвора многу широк спектар на нови или досега недоволно прифатени. Секоја криза носи и можности кои треба да ги препознаеме и да направиме предност од нив и ние мора да се подготвиме да работиме во вакви околности – вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.