И во вечерашното интервју за „Канал 5“, лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека во наредниот мандат ќе ја намалат администрацијата за 20 отсто.

Според него, и покрај тоа, никој нема да остане без работа, бидејќи ќе бидат префрлени во приватниот сектор.

Сите седум министри без ресор ќе ги укинеме, иако некои од нив покажаа резултати, рече Заев. Научивме и ние лекции, не бевме сјајни и сега со ова знаење да можеме да се вратиме, ќе направивме повеќе, рече Заев.


Кратењето на една петтина од администрацијата, Заев го најави на една неодмнешна прес-конференција како ветување доколку го освои овој мандат.

Отстранување на бирократизацијата која што ја имаме во државата, со сите мерки na checks and balances и во правосудниот систем, ослободување на 20 отсто од администрацијата и нејзино пренасочување во приватниот сектор, рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.