Премиерот Заев денеска ја обвини опозицијата дека блокира многу важни закони меѓу кои и за иградба на автопатот Кичево-Охрид чии рок владата повторно го продолжи.

 

– Ние имаме таму законски решенија коишто ги критикуваат затоа што биле со европско знаме, доминантно се од областа на правосудството, имаме двотретински закони, законот за парнична постапка, којшто не е само со европско знаме, две третини ни требаат, значи опозицијата треба да го поддржи тоа, заради тоа што тоа е унапредување на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста, независноста на правосудството, има навистина законски решенија коишто живот значат за граѓаните и многу граѓани ги чекаат секој ден да бидат донесени тие закони, тука се и тие закони за фискална децентрализација и многу други економски закони коишто за жал се заглавени, таму е законот за трговски друштва, закон за изградба на патото Кичево-Охрид, наведе Заев

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.