Заев ја донесе државата пред енергетски колапс, неизвесно е како ќе се снабдува државата со струја, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Заев првин ги испразни езерата кои сега тешко се полнат и нема доволно вода за производство од поголем обем. Потоа тој го упропасти РЕК, за да може да прават тендери го заглавија единствениот копач на јаглен во вода, јаглен речиси и да нема ископано, се бројат денови кога ќе снема.

Власта не направи стратегија на полето на енергетиката. Капацитетите се на минимум и не можат да одговорат на потребите на државата во состојба на зимски период.

Недостатокот на енергија веќе неколку пати се покрива со буквална кражба од европскиот систем, која како држава според директорот на МЕПСО за еден месец ќе не чини околу 15 милиони евра. 15 милиони евра се пари кои се половина од добивката на МЕПСО за една година, и тоа потрошени за еден месец. Со вакво темпо Заев ја загрозува и работата на МЕПСО.

Власта нема план како понатаму. Заев ја става државата во сериозна криза. Заев нема капацитет да ја реши кризата. Заев и СДСМ треба да си заминат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.