СДСМ и понатаму ќе продолжи да ги враќа парите кај граѓаните, вели претседателот на оваа партија Зоран Заев, во интервју за ТВ Клан Македонија.

Како што досега покажавме дека има пари да ги платиме старите долгови, да ги покачиме платите и пензиите, ја зголемивме наплатата на даноците, има пари за лекарите, за учителите, укинавме радиодифузна такса, вративме евтина тарифа на струјата, што значи има пари, но и во иднина ќе продлжиме да ги враќаме парите кај граѓаните. И претходно покажавме дека како расте економијата, како расте БДП, парите ги враќаме. Државата постои за граѓаните. Секое враќање на парите кај граѓаните тие ги трошат и пак се кај државата, рече Заев.

Затоа, дополни, постојано велиме дека инвестираме во човекот и во неговиот капитал. Знаеме дека така ќе ја зајакнеме еконимијата, потенцираше Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.