Денес е денот кога Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови над 61,7 милиони евра, ова на пресконференција го кажа портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Нина Ангеловска со потпишување на денешното задолжување од над 61,7 милиони евра ќе стане министерка чиј прв проект е единствено задолжување на граѓаните и ништо повеќе.

Долгот на државата вртоглаво расте секој ден, а економијата тоне се повеќе од ден на ден. Нема реализација на капитални инвестиции, нема покачување на животен стандард, нема ниту еден проект кој е од корист на граѓаните.

Никој не знае каде се трошат парите на граѓаните.

Во моментов реализацијата на капиталните инвестиции е само ¼ од предвиденото, странските директни инвестиции се само 48.7 милиони евра, а над 500.000 граѓани секој ден живеат на прагот на сиромаштијата.

Дали е свесна министерката Ангеловска што ќе потпише денес по наредба на Зоран Заев?

Накратко, денес таа ќе потпише уште повеќе да осиромашат граѓаните и државата, а се повеќе да се збогатуваат криминалниот картел на власт. Јавниот долг ги пробива психолошките граници од над 50% од БДП.

Очајната економска политика на СДСМ и ЗОран Заев ја опустоши и исели Република Македонија. Секојдневно стотици граѓани си заминуваат и повеќе не се враќаат назад.

Милионските тендери за цвеќиња, лубриканти, мебел и службени возила само ги докажуваат расипничките намери на власта, наместо власта да гради и реализира во корист на граѓаните што и е единствена нејзина работа.

Ова лудило мора да престане.

Македонија е на работ на бездната. Заев, Ангеловска и целата власт мора веднаш да прекинат со овие беспредметни задолжувања, рече Арсовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.