Еднакви можности за сите, достоинствени услови за живот, длабока почит кон пензионерите за сето она што го направиле и ќе го направат. Убави честитки но бескрајно лицемерни упати премиерот Заев на отворањето на 11-тата републичка пензионерска ревија на песни музика и игри во организација на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За 4 години Заев ги покачи пензиите само еднаш. Додека за време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ просечната пензија беше дуплирана, а останатите се зголемија дури за 90%.

Во време на пандемија сведоци бевме како на пензионерите не можеа да им се обезбедат основни елементарни услови за нормален живот. Се уште не можат сите да се вакцинираат и да го имаат правото на избор. За каков достоинствен живот зборувате?

ВМРО-ДПМНЕ како партија од секогаш приоритет им била и ќе им биде оваа група на граѓани бидејќи тие се нашиот столб и минато и секогаш го даваше максимумот да обезбеди поквалитетен, подостоинствен живот без притоа да дава лажни изјави и ветувања.

Да беше сега ВМРО-ДПМНЕ на власт пензиите ќе се зголемеја неколку пати, а пензионерите ќе уживаа о други поволности, а со Заев добија само лаги

Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.