Оваа година заглави откупот на тутунот. Тутунарите револтирани од пристапот на властите кои како што велат тие ги оставија на милост и немилост, а тоа е сами да се снаоѓаат со тоа како и каде ќе го продадат тутунот кои мака мачат цела година за да го одгледаат.

Имено, откако министерот за земјодели им вети на тутунарите дека владата ќе најде решение за откупот на нивниот тутун, тие револтирани дека нема ништо од ветеното, а до истекување на рокот за откуп на тутунот остана уште само еден месец, ги повикаа на средба кај нив премиерот и министерот за земјоделие за да побараат лично од нив да биде решен проблемот.

Па така преку писмо Игор Мирчески од Иницијативниот одбор ги повика премиерот и министерот за земјоделие на итна средба со откупувачите.

Почитувани тутунопроизводители останува последниот месец за откуп од овогодишната реколта. А во последно време сведоци сме дека работите на терен имаат тенденција да се влошуваат на и така најлоша и најкатастрофална откупна реколта. Ниската откупна просечна цена од 165 денари наместо да оди во нагорна линија таа почнува да паѓа. Динамиката на откуп наместо да се зголемува, таа исто од 750 тони на ден се врати на 600 тони, се вели во соопштението.

Тутунарите се оставени сами на себе во оваа реколта и никој до сега од инстиуциите не им излезе во пресрет во нивна заштита.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.