Стабилна политичка средина, инвестиции во инфраструктура, дигитализација, зголемување на вработеноста, реформа на јавната администрација се дел од препораките на Советот на странски инвеститори кои се содржани во второто издание на „Белата книга„ кое беше промовирана вчера.

Според претседателот на Советот, Штефан Петер Македонија има уште многу работа за да обезбеди економска стабилност и приближување кон Европската унија. Во таа насока тој рече дека Владата треба да ја зголеми економската платформа, да понуди поголема транспарентноста и да гради доверба меѓу Владата и компаниите.

-Приоритет треба да биде продолжување на борбата против сивата економија, ќе придонесе за зголемување на нови инвестиции, а со тоа зголемување на конкурентноста и намалување на државниот дефицит, истакна Петер.

Премиерот Зоран Заев, исто така се согласи дека борбата против сивата економија треба да биде приоритет.

– Следната година ќе биде година на економијата. Растот во последните два квартала од 2018 година ни дава за право да очекуваме уште поголем раст во 2019. Тоа е можно само со развој на приватниот сектор и на странските инвестиции и тука ги влеваме сите наши надежи. Во третиот кваратал имаме пораст на извозот од 16,4 отсто раст на индустриското производство за 5 отсто и раст на финалната потрошувачка. Сите овие параметри се одличен показател дека сме на добар пат, истакна Заев

Според него, аспирациите за членство во ЕУ и НАТО се голема можност и за македонската економија. – Сега се наожаме во фаза во која Македонија ќе има само придобивки. ЕУ ќе го подига нашиот стандард се додека не бидеме подготвени за влез во Унијата, додаде премиерот.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески кој е главниот иницијатор за формирање на Советот на странски инвеститори смета дека македонската економија има суптилен напредок кој фирмите не можат да го почувствуваат. Според него, реиндустријализацијата и зголемувањето на извозот се двата елементи кои можат да ја придвижат економијата напред.

– Одлуката на Владатра да се даде приоритет на некои дејности е храбра. Неможе да се постигне напредок со сите компании. Државата треба да ги помага тие што се способни најбрзо да испорачаат вработувања и економски раст, истакна Азески и додаде дека за да одиме напред треба да научиме да ги почитуваме и препознаваме успесите на другите.

Што се однесува до недостигот на квалификувана работна сила, проблем со кој се сооува Македонија сите соговорниците се согласија дека тое е проблем кој не треба да се одлага.

– Не е предоцна можеме да ја преквалификуваме работната сила и да овозможиме младите да останат во државата. Тоа е проблем кој нема одлагање и затоа мораме да почнеме да работиме веднаш, истакна Штефан Питер.

вечер.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.