Премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека 2019 година ќе биде година на економски раст, особено ако помине процесот на уставните измени.

И Грција сака да се реши овој спор. И ним им тежи. Алтернатива друга за ЕУ и НАТО нема. Јас не ни сакам да помислам дали ова ќе успее, ќе успее. Да учиме од минатото, но да гледаме во иднината. Сите индикатори ни даваат за право 2019 да ја прогласиме за година на економски раст. Ако го фатиме бранот на НАТО и ЕУ, Македoнија има одлични шанси за голем економски раст. Имаме 16 нови странски инвестиции. 250 домашни компании се поддржани од државата. Преговараме со џинови компании, кои чекаат да видат дали ќе помине овој процес. Ако не бива, овој народ ќе не бира, ако не, ќе дојдат некои подобри – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.