Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ Шења рече дека Митилинеос е пред одлука во Грција за изградба на гасна електрана со капацитет од 110 мегавати во Скопје, а во главниот град ваква постројка ќе изгради и државното АД ЕСМ со 54 мегавати

Очекуваме да имаме две нови инвестиции на топловодни мрежи во Скопје заради инвестиции во гасни електрани кои што како втор продукт вадат топлинска енергија после ТЕ-ТО во Скопје. Toa ќе направи конкурентност во топлинската енергија и ќе биде попривлечно од другите енергенси, па дури и од „краденото“ дрво, рече Заев.

Досега само една третина има топловодна мрежа покриеност во Скопје, а премиерот рече дека овие две инвестиции покрај производството на струја од гас, со своите турбини ќе помогнат во нејзиното топловодно снабдување и проширување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.