Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција изјави дека доколку Законот за недела неработен ден се донесе денеска од наредната недела или преку таа тој ќе стапи на сила.

Не гледам лошо да се донесе Законот за недела неработен ден. Го чекаат работниците во државава. Искоординирано е компаниите и коморите зошто да го блокираме? Ако тој се донесе денеска од следната недела буквално или преку таа, стапува на сила после 8 дена од донесувањето, многу работници конечно во недела ќе бидат со своите деца и со семејствата – вели Заев.

Тој додава дека доколку законот не се донесе сега ќе се донесе подоцна.

Тој ќе се донесе веројатно ноември, декември ако биде сега блокиран во септември, но ако се донесе час поскоро работниците ќе можат да го уживаат своето слободно време со децата. Важно е семејството многу, а притоа неделата знае да наполни батерии за понеделникот и за работа итн – кажа Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.