Во собраниска процедура влезе предлог-законот за пензионирање, со кој сите работници постари од 64 години и со 15 години стаж ќе мора да се пензионираат до крајот на следната година, освен здравствените работници и оние од високото образование. Законските измени предвидуваат дека сите оние кои до 31-ви август поднеле барање за продолжување на работниот век ќе можат да го реализраат, но потоа повеќе нема да имаат право на продолжување.

-Поради недостиг на одредени стручни кадри и потребата од ефикасно продолжување на работниот процес, исклучок од правилото за пензионирање ќе има во секторите здравство и високо образование, каде што работниот стаж ќе може да се продолжува година за година, но најмногу до 67 години возраст – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

Со законот се очекува да се намали бројот на вработени во админситрацијата и да се отвори простор за вработување на нови млади кадри. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе изградат став откако ќе ги разгледаат материјалите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.