Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска во „10 минути“ на ТВ21 објави дека веќе е испратен предлог до Собранието во туристичките места да се работи и во недела. Бектеши рече дека се надева дека истиот предлог ќе добие поддршка од опозицијата бидејќи е во интерес на развојот на туризмот во земјава.

Tоа е барање на градоначалниците, особено на градоначалникот Мерко, но и на бизнис заедницата која работи во Струга и Охрид, но не се работи само за Струга и Охрид, туку и за други дестинации, туристички дестинации, рече Бектеши.

Од Сојузот на синдикати на Македонија денеска изјавија не се согласуваат да се донесат законски измени кои би овозможиле недела да биде работен ден во туристичките центри. Постојното законското решение кое е на сила, велат од ССМ, е донесено по пат на дијалог, и тоа овозможува работа и во недела под одредени услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.