Со петтиот антикризен пакет, за поддршка на плати во февруари и март 2021 година се обезбедени 1,92 милијарди денари. Со оваа прва мерка ќе бидат опфатени околу 60.000 работници месечно, а поддршката ќе биде скалеста во износ од 14.500 до 21.776 денари.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев, образложувајќи го детално петтиот сет, оваа мерка е опциска, односно компаниите ќе може да ја користат или неа или втората мерка – за кредити со нула проценти камата во дејностите туризам, занаетчиство, угостителство, индустрија за организирање настани, транспорт, приватни здравствени установи.

За втората мерка се проектирани 615 милиони денари или 10 милиони евра и за неа може да се аплицира во 2021 година. Средствата ќе се реализираат преку Развојната банка, истакна Заев, кој на прес-конференција во Владата ги објасни поединечно сите мерки од петтиот пакет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.