Тешко беше да се донесе одлуката и да се договорат сите за минималната плата од 18.000 денари односно 300 евра. Се уште по тешко е да се одлучи чија заслуга е ова. Дали е реализирано ветување од програмата на СДСМ или пак на ДУИ.

Директорката на Управата за јавни приходи и заменик претседател на СДСМ Сања Лукаревска вели дека ова е уште едно ветување кое е реализирано од програмата на СДСМ.

Се јави и првиот вице-премиер Артан Груби кој рече дека со вечерашната одлука за од 1-ви март зголемување на минималната плата е реализирано уште едно ветуваше од изборната програма на ДУИ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.