Кадрите на СДСМ се привилегирани во делот на законите кои што треба да бидат важечки за сите – обвини денеска дополнителниот министер за земјоделство Цветан Трипуновски. Тој денеска на прес-конференција обелодени како функционираат кадрите на СДСМ со земјоделското земјиште и како го узурпираат и го делат до луѓе блиски до власта.

Денеска како пример ќе го наведам раководителот на подрачната единица во Свети Николе Дејан Гичев. Тој во документацијата до која што дојдов јас видов дека на име на својата сопруга си има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе исто така и на сопругата на градоначалникот на општина Лозово има доделено земјоделско земјиште во атарот на Свети Николе. Она што е симптоматично во овие два договори е дека и по двете укажувања до министерството за неплатена закупнина на истите им е дадена само фактура, за да платат камата по основ на неплатена закупнина додека на сите останати земјоделци во Македонија кои што имаа еден ден задоцнување министерот Трајан Димковски се фалеше по медиумите дека на истите земјоделци им го има раскинато договорот – рече Трипуновски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.