Во вечерашната емисија „200“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Новинарот Назим Рашиди изјави дека за критиките за економијата кои што ги кажува тој голем број на граѓани се согласуваат со него.

Господине Мицкоски, сигурно за економскиот дел многу граѓани во Македонија ќе се согласат со вас – истакна Рашиди.

Имено претходно Мицкоски посочи дека економијата во Република Македонија се наоѓа на дното, бидејќи се повеќе државата се задолжува, а нема капитални инвестиции.

А, да не се говори за инвестиции кои ги нема, а премиерот се фали со реинвестирање на стари инвестиции. Не е ни случајно што германските бизнисмени економијата во Македонија ја оцениле со нула. Ова само говори дека секојдневно државата колабрира на поле економија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.