Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата. Колку што сум информиран правните тимови на Владата го имаат разгледувано мислењето од ДКСК и сметам дека ставот на Владата е дека нема судир на интереси во однос на поставувањето на директорот на МЕПСО, порача денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочваски.

МЕПСО има свој Управен и Надзорен одбор. Надзорниот одбор согласно законските можности избира претседател на Управниот одбор и сите останати органи и тела на компанијата. Управниот одбор на МЕПСО има дадено предлог и го има изгласано Куштрим Рамадани за директор на компанијата. Сепак, ќе ја следиме состојбата и ќе ги видиме сите аргументи и прашања кои се отвораат и стоиме на располагање да разговараме на оваа тема. Мислам дека според сите правни аргументи кои досега ги имам слушнато јас, но и Владата дека таму нема судир на интереси, рече Бочварски во одговор на прашање на одбележувањето на воспоставувањето нова директна авиолинија меѓу Скопје и Киев.

Антикорупционерите се децидни дека ќе има судир на интереси ако Куштрим Рамадани, доскорешниот потпретседател на Регулаторната комисија за енергетика, седне во првата фотелја на МЕПСО. Во писмото од ДКСК до Владата децидно стои дека има судир на интереси. Ако се назначи Рамадани за прв човек на МЕПСО, ќе се прекршат Законот за спречување на судир на интереси и тој за енергетика. Рамадани не може да биде Генерален директор на МЕПСО, ни по две години откога ќе му заврши мандатот како член на Регулаторна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.