Поранешната функционерка на СДСМ, актерката Софија Куновска, која важи за жесток критичар на Зоран Заев и сегашните политики на партијата, по подолго време се огласи на социјалните мрежи. Темата не се вчерашните случувања во СДСМ, оставката и најавените избори, туку енергетската криза во која владејаќката партија ја турка земјата.

Куновска сподели истражување кое покажува колку лесно може да се реши оваа криза, доколку навистина се сака.

Некој земал и израчунал колкава површина треба да се покрие со соларни панели за ЦЕЛОСНО да се задоволат енергетските потреби на една земја (со технологии кои МОМЕНТАЛНО се на располагање). Потоа, податоците ги ставиле во интерактивна мапа каде може да се видат резултатите за секоја земја. Резултатот за Македонија е на сликата. За нас се доволни 160 км2 или 0,6% од површината на државата. За споредба, површината на Скопје е 572 км2. Така што….што да кажам, не е дека не може, туку изгледа човештвото не сака да има чиста енергија, тоа е….
П.С. Се разбира, за да има струја и ноќе и кога има помалку сонце, треба да има резервни класични системи и/или огромни батерии, ама и тоа е изводливо, ако се сака…, објасни Илијанчо Гаговски пред неколку години, а Куновска потсетува на него токму сега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.