Граѓаните со блокирани сметки кои добиле државна помош од 6.000 денари, до петок треба да ги ажурираат
податоците во банките и да си ги подигнат парите. За нив банките отвораат посебни, наменски сметки.

Лицата со блокирани сметки ќе можат да ја подигнат финансиската помош преку која било експозитура од
филијалите на банката најдоцна до петок, 25.12.2020 година. Во спротивно нема да можат да ги користат. Банката не ги ослободува овие средства од активни или идни блокади по 25.12.2020 година, стои во известувањата од банките.

Податоците во банките треба да ги ажурираат и сите останати граѓани кои добиле парична помош за справување со последиците од пандемијата, најдоцна до утре. Од банките предупредуваат дека
средствата може да ги искористат само клиентите кои ги ажурирале податоците.
Со четвртиот сет мерки за справување со последиците од коронавирусот помош од 6.000 денари ќе добијат 283.000 граѓани за што Владата одвои 27,3 милиони евра кои до крајот на неделава треба да им бидат исплатени на сите корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.