Девет месеци без плата се вработените во студентски дом ,,Доне Божинов“-Пробиштип. Вработените бараат од власта да им се исплатат платите, бидејки како што велат тие живеат како да се во кома. Бараат брзо решение за состојбата, затоа што студенсткиот дом се уште функционира, покрај ситуацијата во која тие се наоѓаат.

Функционираме, но не е издржливо. Ние се уште одиме на работа, но ова веќе е страшно. Живееме како во кома. За ова е запознаена и Владата, но  нема решение за нашиот проблем. Дали сакаат да не затворат или не, не ни е познато, но нас ни е важно да ни бидат исплатени платите, бидејки вака не се живее, вели за „Република“ вработена во Државен студентски дом ,,Доне Божинов“-Пробиштип.

Став побаравме и од директорката на студентски дом ,,Доне Божинов“, таа за „Република“ изјави дека е точна информацијата за голготата низ која веќе девет месеци поминуваат врабоетните во студенсткоит дом, но и дека за проблемот е запознаена и власта.

Точна е информацијата дека девет месеци немаме земено плата, запознаено е и министерството, точката требаше вчера да биде ставена на дневен ред на Влада, но според информациите кои јас ги добив тоа не се случило. Чекаме кој ќе е исходот, дали ќе се стави клуч на студентскиот дом или ќе продолжи да финкционира. Од моја страна е поднесена целата документација за состојбата до институциите, сега останува само да ја чекаме одлуката, вели за „Република“ директорката Љубица Донева.

Дали поради нерентабилното работење студентскиот дом „Даре Божинов“ во Пробиштип ќе биде затворен? Каде ќе работат вработените од домот ако се донесе одлука за негово затворање? До до донесување на одлуката на министерството за образование, овие прашања остануваат да висат, како и судбината на сите луѓе кои се уште се трудат домот да функционира како тие да ја добиваат својата месечна плата најдоцна до 15 ти, иако ја немаат девет месеци.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.