Проследете ја во живо прес конференцијата на која заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Развојната банка на Република Македонија, Кире Наумов ќе ја промовирааат бескаматната кредитна линија Ковид 4.
Бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“, проектирана на 10 милиони евра, е дел од шестиот пакет антикризни мерки. Предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори: туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови рабтни места и ги зголемат приходите.

Во април годинава Владата ги задолжи Кабинетот на Битиќи и Министерството за финансии во соработка со Развојната банка да ги преземат неопходните чекори за операционализација на оваа мерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.