Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528.695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435.707 тони јаглен и 92.829 тони нафтени продукти.

Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.