Во Македонија мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правен систем

Економија 15.01.2020 / 22:48

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Економски Магазин“ обвини дека власта прави пактови со лица за кои порано велеа дека се криминалци.

Истите овие кои што велеа дека ќе стават бројчаник на триумфална, па ќе ги враќале парите кај граѓаните кои што биле украдени и така натаму, сега со истите тие луѓе прават пактови. Тие ги нарекоа криминалци, а не јас. Јас не сум ниту Зоран Заев, ниту СДСМ, јас верувам во пресумпција на невиност. Тие истите што ги нарекуваат денеска им се верни слуги или пак процесите се враќаат на самиот почеток за да го критикуваат ВМРО-ДПМНЕ, посочи Мицкоски.

Според него во Република Македонија мора да има владеење на правото бидејќи само така државата ќе има развиена економија, а граѓаните ќе веруваат во правниот систем.

Ако немате правна сигурност, ако граѓаните не веруваат во правдината, ако бизнис заедницата без разлика дали домашната или надворешната не препознае правна држава вие нема да имате развиена економија. Тоа е суштината, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.