Во Македонија има околу 500.000 граѓани кои се работоспособни, но неактивни, вели во својот статус на фејбук Ивор Мицковски, анализирајќи каде се оние 100 илјади млади на возраст меѓу 15 и 29 години.

Најзагрижувачки податок е што меѓу нив се повеќе од 100.000 млади на возраст од 15 до 29 години кои се „невидливи“, односно ниту учат, ниту работат, ниту бараат работа, а дел од нив веројатно е иселен.

Носителите на политиките воопшто не сакаат да зборуваат за овој проблем, зашто ако тие се активираат на пазарот на труд, невработеноста ќе се зголеми. И си велат – подобро да останат неактивни, отколку да се појават како невработени.
И оваа власт се фали дека економски сме брилирале, пишува Мицковски на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.