Владата предводена од Зоран Заев не се грижи воопшто за граѓаните освен за своите интереси. Десетици илјади семејства кои живеат од тутунот се заборавени, излажани, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Власта наместо на страна на земјоделецот се става на страна на откупувачите со што не се цени, односно се гази по трудот на земјоделците.

За разлика од Заев и Владата предводена од Заев, ВМРО-ДПМНЕ се грижи се грижи за земјоделците. Токму затоа во прва прилика ќе предложи измени на Законот за тутун.

ВМРО-ДПМНЕ со предложените измени ќе забрани увоз на тутун се додека не се откупи и последната количина тутун произведена од македонскиот земјоделец.

Целта е да се постигне повисока откупна цена на тутунот со што ќе се вреднува трудот на тутунарите, бидејќи Заев и Владата предводена од СДСМ ги пљачкаат тутунарите бидејќи откупната цена не е доволна да се покријат основните трошоци за производство. Заев овозможува да се увезува тутун од странство газејќи по домашните тутунопроизводители.

Четирите години власт на Заев се четири украдени години за сите. Се крадат и потценуваат тутунопроизводителите, наместо да се цени нивниот труд. ВМРО-ДПМНЕ ќе стави крај на ваквото расипничко однесување на Заев и потценувањето на тутунопроизводителите!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.