Неспособната Влада на СДСМ нема капацитет да испорача повисоки плати!

За разлика од период 2006-2016 година кога во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ просечната нето-платите растеше просечно секоја година со 5.5% или во апсолутен износ од 13.720 денари во 2006 година на 22.340 денари во 2016 година (за цели 8.620 денари), во периодот од јуни 2017 година до јуни 2019 година просечната нето-платите расте со стапка од 3.5% или од 22.930 во второти полугодие на 2017 година на 24.760 денари во истиот период 2019 година (за скромни 1.830 денари).
Дополнително, растот на платите во периодот 2006-2016 година се должеше на комбинација на добри политики кои преку креирање на нови работни места и раст на продуктивноста заедно со поддршка на државата преку воведувањето на законот за минимална плата и пораст на платите во јавниот сектор овозможија долгорочно и одржливо зголемување на платите во државата.
Наспроти, денес гледаме како во услови кога паѓа продуктивноста во економијата како резултат на катастрофалните економски политики, двоецот Заев-Аѓнушев се обидува вештачки преку државен интервенционизам со пари од буџетот да ги зголеми платите на краток рок во обид да ја прикрие својата неспособност во подобрување на животниот стандард на вработените во земјата.
Ние со голема загриженост предупредивме дека овие популистички мерки ќе имаат негативни ефекти за конкурентноста на приватниот сектор и посочивме дека оваа Влада на СДСМ наместо да се бави со популизам да влезе во суштински структурни реформи кои долгорочно ќе овозможат платите да растат.

#ВМРО-ДПМНЕ во новата програма подготвува нов развоен модел кој ќе овозможи значителен раст на платите во економијата на една реална и одржлива основа што вистински ќе го почуствуваат сите граѓани – напишаа на Фејбук од комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.