Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата Бизнис поенти на ТВ Алфа, вели дека веднаш по формирање на комисиите до собранието ќе поднесат Предлог закон за намалување на данокот на добивка од 10 на 9 проценти, односно како што рече тој ако има доволно желба кај власта еве начин да се помогне на компаниите да ги задржат работните места

Ќе продолжиме да ги артикулираме нашите позиции и мислам дека тоа е легитимен начин да ги презентираме нашите ставови на еден мирен начин, но и истовремено како што кажам тоа ќе го правиме и во рамките на парламентот. Еве ќе најавам дека пратеничката група ан ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето ан комисиите ќе достави до парламентот Предлог закон за намалување на рамниот данок од 10 на 9 проценти. Така што ако има доволно желба кај владата да практично му помогне на бизнисот, да се сочуваат работните места еве начин, наместо да имаме богата мафијашка влада и мафијаши во владата да имаме солидни компании кои што ќе успеат да ги задржат работните места, а да не ни се случува да сме рекордери во Европа по падот на БДП од речиси 13 проценти, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.