Од ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека влста не треба да се фали со наводни мерки за помош на стопанството и фирмите, во услови кога на улица се излезени стотици угостители кои се оставени без парче леб сами да се справуваат со кризата.

Срамота е дента кога стотици угостители протестираат пред Министерство за финансии, СДСМ се фали со економски мерки.

 

Стотици угостители и илјадници вработени на кои им виси платата и работното место се на раб на опстанок и сето тоа е вина на Заев и задоцнетите мерки.

 

60.000 луѓе останаа на улица. 6.200 фирми се затворија. Изминатиов период заради неспособноста на власта беше буквално гилотина за економијата.

 

И додека стопанството тоне, Заев вози мотори, лета на хеликоптери, а шоферот на неговиот братучед превезува дрога.

 

И како ваква власт да донесе мерки и позитивни резултати. Таа може да не однесе само во врвот на светските листи во корупција и криминал – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.