Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра.

Економијата не генерира раст. Со Заев и СДСМ трошиме кредити со високи камати, велат од ВМРО ДПМНЕ во соопштението до јавноста.

Власта поради својата неспособност да менаџира со економијата предизвика буџетска дупка која до крајот на годината ќе биде и до 1 милијарда евра.

Со СДСМ јавниот долг одамна го надмина нивото од 5 милијарди евра од БДП.

Македонија се движи кон амбис, поради Зоран Заев и неговите непромислени политики.

СДСМ не прави ништо за економијата да генерира раст.

Наместо на развој на економија СДСМ се насочи на криминал, корупција и рекет.

Со СДСМ Македонија нема развој. Тоа се гледа и од нивото на реализирани капитални инвестиции, кои се движат околу 60%, од првично планираното, скоро секоја година во изминативе 3 години.

Со СДСМ Македонија тоне, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.