Сите се прашуваат во кој свет живее Коста Петров. Власта на Заев и СДСМ покажаа во овие три години инвентивност само во насока на криминалот, корупцијата, рекетот и црпењето на народни пари од буџетот преку сомнителни тендери и јавни набавки. Ваква е реалноста со власта на Заев и СДСМ, но вака ќе биде и иднината, затоа што криминалните шеми се основниот претприемачки дух кој владее во партијата на аболицираниот лидер, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Патем овие исти ветувања за напредок на економијата, годишен раст од најмалку 5% на БДП, бизнис инкубатори , развој на ИТ секторот ги кажуваа и во 2016-та година. Видовме дека токму ИТ секторот највеќе настрада од власта на Заев, поради непромислените даночни политики, видовме дека годишниот раст на БДП е катастрофално најлош во регионот, видовме дека ни бизнис инкубатори создадоа, нити конкретна помош на економијата дадоа, освен грантовите кои им ги делеа на фирмите на нивните партиски функционери.Токму затоа народот ја препознава Обновата и понудените 1000 проекти во неа како реални и остварливи. Граѓаните знаат дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува во програма, тоа и го реализира.Затоа на СДСМ и престои тежок пораз, бидејќи Македонија ќе ги казни нивните препакувани лаги, нивните криминали и рекети кои ги правеа во овие три години.СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.