Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Центарот за комуникации на СДСМ е одлепен од реалноста, зашто наместо закрепнување на стопанството, задоцнетите економски мерки на власта затвориле над 6.200 компании.

Задоцнетите економски мерки оставија над 60.000 граѓани на улица. А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто-домашниот производ. Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата. Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Очигледно е дека приоритет на Зоран Заев и неговата Влада се тендери, криминал и лично богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.