Намалено домашното производство на струја, заради криминогеноста на власта резултира со скап увоз и испумпување на пари од ЕЛЕМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве сите фирми на регулираниот пазар кои се префрлиле со цел да ги намалат трошоците од енормното зголемување на електричната енергија добиваат писма дека на сред грејна сезона во најголемата енергетска криза ќе бидат исклучено од регулираниот пазар само за тоа што така одлучила владата.

Несериозно е да преземете работење со фирма како ЕЛЕМ со милионски добивка и да ја претворите во најголем загубар.

Несериозно кон јавноста и граѓаните е без срам да не ја говорите вистината.

Пред само неколку дена власта се фалеше дека ќе ги активира сите производни единици после 1 декември а каква е состојбата денес?

Најголемиот енергетски производител во Македонија РЕК Битола од ТРИ Блока работи само БЛОК 1 и тоа и тој со половина снага и минатата недела беше испаднат од мрежа. Термоелектраните се во очајно катастрофална состојба иако за ремонти на блоковите се потрошени стотици милиони евра народни пари.

Термоелктраната Осломеј во Кичево е во катастрофална состојба и не се знае кога последно работела, а уште помалку се знае кога ќе проработи иако деновиве вложувате дополнителни милион евра во ремонтни активности на сред грејна сезона.

ТЕЦ Неготино се крие дефектот со изгорената намотка на генератор и невешто сами се демантиравте меѓу себе Директорот на ЕСМ , министерот за економија и несреќниот владин советник кој ве демантира двата.

Хидропотенцијалот од вештачките акумулации безмилосно се користи, за да се продава електрична енергија пред еден месец за цени пониски од пазарните на HUPEX за што предупредувавме дека ке дојде до ова.

Ова резултира со намалено домашно производство на електрична енергија , и резултура со зголемен увоз за што вашите бизнис коалиции наплаќаат големи провизии. Односно колку е цената повисока толку е провизијата поголема.

Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ/ЕСМ, албанската државна енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи ДООЕЛ Скопје (омиленниот бизнис партнер на директорот на ЕЛЕМ/ЕСМ) и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД ? Заедничкиот именител што ги поврзува сите овие субјекти е корупција и штета на граѓаните на Македонија.

Друг експлецитен пример за испумпување на пари од Електрани на Македонија е Раководството на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), распишува тендер за ископ на јаглен и јаловина за во РЕК Битола цела календарска година.

На тендерот се јавува компанијата миленик на директорот Ковачевски. Со најповолна понуда онолку колку што предвидел ЕСМ/ЕЛЕМ. Вкупната вредност на тендерот е речиси 20 милиони евра. Цената сега е 129,7 ден/GJ минатата 2021 година била 99 ден/GJ, а пред доаѓањето на власт на СДСМ беше и за 44 ден/GJ .

Благодарејќи на вашето незнаење ЕСМ/ ЕЛЕМ 2020 година ја заврши со со загуба од 16,8 милиони евра. Минатата 2021 и покрај директните владинини субвенции од неверојатни 171 милиони евра загубата беше неверојатни 28 милиони евра!

Наместо со закани и несреќни политички изјави ОСТАВКА. Нова техничка влада и искусни кадри во енергетиката за спас на тоа малце што остана по пустошот кој го остави во Енергетскиот сектор и што побрзо распишување на избори.

ПРЕМНОГУ Е !!! одговорност ќе има за сите !!!!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.