Meрките кои денеска ги промовираше СДСМ не се мерки за помош на граѓаните и погодените од економската криза, туку мерки за еднократен поткуп, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако во Владата денеска беа претставени третиот пакет економски мерки.

СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи. Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември“,

велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги мерките.

Најтешкиот период од кризата, според нив, стопанството ќе треба да го преживее без помош, а со тоа се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат.

„Владата целосно ги промаши временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми“,

велат од опозицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.