ВМРО-ДПМНЕ им ги покачи платите на наставниот кадар за 119%, а СДСМ 4 години не направи ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
119% беше покачувањето на најниската плата во образованието во време на ВМРО-ДПМНЕ, додека 69% на највисоката.
ВМРО-ДПМНЕ им ги зголеми платите на наставниците, а со СДСМ 4 години образованието е во место.
Ветуваа изградба на нови училишта и спортски сали, а ништо од тоа не е случај на терен.
СДСМ само манипулира со наставниот кадар и образовните работници, но лагата не им проаѓа по втор пат.
Образовните работници и наставниот кадар заслужуваат фер третман, услови кои ќе ги мотивираат и ќе ги подобрат во целост предавањата и престојот на нив и на децата во училиштата.
Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.