Економијата во државата доживеа колапс, велат од ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение испратено до медиумите. Велат, според извештаите земјата во вториот квартал од 2020 година, бележи нето одлив на странски директни инвестиции во износ од над 9 милиони евра. Приходите во буџетот се за 14 % помали од лани, јавниот долг за три години е над 5 милијарди евра, нема раст на 5-7 % годишно, туку пад во индустријата, градежништвото, трговијата, пораст на сивата економија и повеќе корупција.

Згора на сето тоа, додаваат од партијата, владата предводена од СДСМ зададе и нов удар на граѓаните со покачување на струјата за 7.5%. Потсетуваат и дека власта на Заев воведе второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар и ја задолжи и државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци.

Зоран Заев и СДСМ донесоа сиромаштија на граѓаните. Секој ден над стотина граѓани остануваат на улица, а Заев вели дека Република Македонија има стабилна економија. Додека граѓаните осиромашуваат и не знаат како да ги платат даноците, Заев заедно со неговите министри се луксузира. Шекеринска во министерството за одбрана купува колачи и вафли, а 40.000 луѓе ново невработени немаат за леб, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.