Поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев ја потврди катастрофалната кондиција во која се наоѓа буџетот на Република Македонија.

Тој го потврди она за што ВМРО-ДПМНЕ изминатите три години предупредуваше и истакна дека буџетската дупка изнесува неверојатни 2 милијарди евра.Не само што потврди дека нашата држава е пред банкрот, Анѓушев исто така истакна дека македонската држава во наредните месеси ќе има проблем со исплатата на плати на администрацијата, што е застрашувачки.

Во насока на укажувањата на Анѓушев беше и изјавата на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски кој изрази сериозен сомнеж дека нашата држава има доволно ресурси за да воспостави и спроведе вонредна состојба.

По стапките на неговиот партиски шеф тргна и министерот за администрација, Дамјан Манчевски кој побара исполнување на директивата на  Заев за намалување на платите во администрацијата на 14.500 денари.

Ова е само потврда за катастрофалните економски политиките кои ги водеше СДСМ изминативе 3 години во мирнодобски услови кога целиот регион и Европа бележеше екомски раст.Сега во услови на криза Македонија благодарение на неспособноста на СДСМ, Република Македонија не може да го издржи финансискиот притисок.

И додека власта бара намалување на платите на јавната администрација гледаме дека власта троши милиони евра за партиски вработувања и полнење на истата администрација на која сака да ја и намали платата со партиски кадар. Ваквото однесување е недозволиво во услови на светска пандемија, само во општина Гази Баба се потребни 250 илјади евра за времени вработувања.

Да не заборавиме дека за 4 дена Димитров и Шекеринска потрошија 8 милиони евра за репрезентација и службени патувања иако беше прогласена вонредна состојба. За 3 години власта на СДСМ потроши 11 милиони евра за репрезентации и службени патувања. Неспособноста, неработењето и расипништвото на власта сега македонските граѓани може да ги чини парче леб. – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.