Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување од почетокот на наредната година. Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во Владата се разгледува нов модел кој предвидува повеќе скалила за даночење и според кој оние кои имаат помали примања ќе плаќаат помалку данок.

Целата структура на прогресивното оданочување ќе претрпи измена во насока на тие кои што имаат пониски примања можеби ќе имаат пониски даноци, токму тоа што јавноста го бара и во суштина нашето размислување е во насока на тоа што е перцепција и барање на јавноста и барање на јавноста, тие кои што имаат најмалку, секако најмалку да плаќаат и понатаму да има неколку скалила затоа што таквите примери давале поголеми резултати. Тие анализи се прават, сметам дека одложувањето дава доволно можност за да концепциски не се откажеме и ние не се откажуваме од прогресивното оданочување, вели за Детектор економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи.

Опозицијата во овие предлози на Владата гледа уште еден економски експеримент кој како што велат има последици врз деловната клима и негативно влијае на одлуките на странските инвеститори.

Ексминистерот за финансии Кирил Миновски за Детектор вели дека фискалната политика не може да се менува секој ден.

Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години, па ќе видиме што е најдобро решение. Тоа е повторно еден експеримент, една недоследност, испраќаме лош сигнал кон домашните компании, кон странските компании, кон граѓаните кон компаниите. Не може во економијата, во фискалната политика, катадневно да менуваме концепти, вели Миноски за Детектор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.