Политиките и мерките на власта на Заев се тотално фијаско. Тоа се однесува и на последниот скандал со распределба на државна помош на фирми кои на крајот не завршиле кај работниците, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Постои основан сомнеж дека скандалот е многу поголем. Се поставува прашањето дали власта на Заев крие фирми кои зеле помош, а не ја исплатиле кај работниците? Зошто беше објавен список со погрешни податоци на фирми кои платиле? И на крајот најважното прашање, зошто презентираа различни суми, односно еднаш рекоа милион евра, за потоа сума да биде двојно помала или половина милион евра, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта на Заев во многу наврати била поврзувана со скандалозни исплати на државни средства и дека не би ги зачудило ако поради ваквите нелогичности од половина милион евра се крие вистинскиот список на фирми во кои можеби се наоѓаат токму фирми на партиски функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.