Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица, објави порталот „Лидер“.

Како што пишува порталот, монахињата Сара важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Сестра Сара важела и за личен асистент на Наум.

Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по првпат, вели за „Лидер“ извор од МПЦ.

Вчера, Економски Лидер објави дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ ДОО Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев…

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.