Владата со соопштение ги демантираше информациите  за банкрот на фирмата ДУРА кои беа објавени во некои медиуми.

Владата најостро ги демантира манипулациите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ поврзани со големата инвестиција на компанијата ДУРА.  Не се точни и целосно се манипулативни изнесените информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се вели дека ДУРА била банкротирана компанија. ДУРА е компанија гигант која своите операции во Македонија ги извршува преку британска холдинг подружница и во земјава веќе има оперативна фабрика во која ќе бидат ангажирани 1000 вработени. За повеќе информации и факти јавноста ќе биде информирана и директно од компанијата ДУРА, стои во реакцијата на Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.