Македонија има интерес да се приклучи на проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа Белане, која е единствена во Југоисточна Европа, објави „Телма“. Но, реализацијата на овој исклучително значаен проект за целиот регион се уште не е дефинирана, вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Бугарија објави повик со кој бара партенри за изградбата на нуклеарката, но условите за учество се уште се нејасни.

Ние пројавивме интерес за учество во Белане, меѓутоа се уште концептот од бугарска страна не е јасен, се уште и тие немаат до крај изградено ниту  финансиска конструкција, ниту  структура на заинтересирани страни, гледам целиот регион пројавува интерес за учество во тој проект така да мислам дека е многу далеку да се зборува за конкретна реализација меѓутоа ние како држава цениме дека тоа е веројатно најбрзиот, наједноставниот и најевтиниот начин да обезбедиме базна енергија на подолг рок, но далеку е од реализација, вели Анѓушев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.