Владата ќе го прифати предлогот на Стопанската комора и ќе ја зголеми акцизата на нафтените деривати за два денари – најави денеска министерката за финансии Нина Агеловска.

Веќе подготвуваме предлог уредба. Согласно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлогот и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора – рече Ангеловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.