Македонија тоне во долгови чие исплаќање паѓа на грбот на македонските граѓани, но државата продолжува да се задолжува без компас.

За утре е најавена нова аукција на државни записи, а понудата во денари изнесува 600.000.000!

Датумот на достасување е 30.03.2022, што значи дека овој заем е за една година.

Аукција на државни обврзници која е закажана за утре е со достасување за 7 години. Освен што сумата е огромна, ќе се исплаќа на 7 купони, до 2028-ма година.

Понудата во денари изнесува 3.900.000.000!

Исто така, утре ќе се одржи аукцијата и за понуда од 2.100.000.000 денари, со датум на доспевање од 7 години.

Ова покажува дека владата на Зоран Заев прави екстремно големи задолжувања, а од тие суми на пари граѓаните не гледаат никаков добробит. Овие пари се трошат непродуктивно, а единствено што расте се задолжувања и нови задолжувања.

Пред само две недели, Македонија се задолжи за нови 70 милиони евра! Владата неодамна издаде и еврообврзница од неверојатни 700 милиони евра!

Овие суми ја покажуваат неспособноста на Владата за домаќинско работење, негрижата за теретот кој се става на грбот на граѓаните и се олицетворение на манипулациите кои СДСМ ги правеше во изборните кампањи кога зборуваа против задолжувања, а тоа стана нивна омилена активност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.